20.02.2017.
Извор: http://prizma.mk
Автор: Центар за граѓански комуникации
100-те најголеми договори за јавни набавки склучени 2016 година изнесуваат вкупно 378 милиони евра, а 2015 – 226 милиони евра.
2016 година, на врвот е тендерот за изградба на гасоводната делница Неготино-Кавадарци-Битола во вредност од 36,4 милиони евра, а 2015 година најголем бил тендерот за изградба на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство и подземните гаражи и партерното уредување при Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје во вредност од 12,8 милиони евра.
Најголем вредносен удел во Топ 100 тендери за 2016 година има АД Македонски енергетски ресурси Скопје со 87 милиони евра, а за 2015 година имало Министерство за здравство со 48 милиони евра.
Меѓу компаниите на врвот се Гранит АД Скопје со удел во топ 100 тендери 2016 година од 54 милиони евра и Бетон Штип со удел 2015 година од околу 20 милиони евра во најголемите 100 тендери.
Базата на податоци изготвена со 100-те најголеми договори за јавни набавки склучени во 2015 и во 2016 година овозможува пребарување на сите овие тендери со можност за избор на година, институција и компанија.
Прочитајте повеќе:http://prizma.mk/top-100-tenderi-vo-2015-2016-godina/