Fokus / Фокус / Fokusi

На тендерите просечно има по 2,5 понудувачи, на е-аукциите учествуваат по 2

Datum: 04.07.2016.

Makedonija

04.07.2016.

Извор: factor.mk

 

Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од редовниот мониторинг на постапките за јавни набавки спроведени од институции на локално ниво, којшто ги покажа следниве констатации:

-Истражувањето на пазарот за барањата на техничката спецификација не успеало во ниту еден од случаите. Во 100% од тендерите морало да се бара согласност од Советот на јавни набавки пред да се објави огласот. Во делот на критериумите за учество, истражувањето успеало во 71% од случаите, а во останатите 29% се барала согласност.

-Бројни примери од мониторингот на тендерите покажуваат голема меѓусебна зависност на проценетата вредност на набавките со крајната цена што се добива на тендерите, но и со поништувањето на постапките. Оттука, им се препорачува на договорните органи да спроведуваат предистражување на пазарот и на условите на него и, воопшто, посериозно да пристапуваат кон определување на проценетата вредност на набавките.

-Процентот на поништување на тендерите во мониторираниот период и примерок е намален под просекот, иако има примери и на проблематични (не)поништувања на постапки.

-Конкуренцијата на локалните тендери останува на истото, сè уште ниско ниво од просечно 2,5 понудувачи по тендер, а се намалува процентот на тендери без или само со еден понудувач.

-Додека процентот на мониторирани тендери во кои се одржала електронска аукција е во пораст споредено со минатиот период, просечниот број на фирми кои фактички учествувале со наддавање на самите е-аукции изнесува само 2.

 

Прочитајте повеќе на: http://faktor.mk/2016/07/04/na-tenderite-prosechno-ima-po-2-5-ponuduvachi-na-e-auktsiite-uchestvuvaat-po-2/