maj 2016.
Izvor: www.bjn.gov.mk
Вкупната вредност на јавните набавки во Македонија во 2015 година е намалена за 23% во однос на 2014 година. Според податоците од деновиве објавениот годишен извештај на Бирото за јавни набавки (БЈН), вредноста на јавните набавки во 2015 година изнесува 755 милиони евра, за разлика од претходната 2014 година кога изнесуваше 982 милиони евра. Исто така е намален и уделот на јавните набавки во БДП на земјата од 12% во 2014 на само 8% во 2015 година, како и уделот на јавните набавки во буџетот на земјата од 34% во 2014 на 25% во 2015 година. БЈН не ги наведува причините за ваквиот драстичен пад, но тие неофицијално се поврзуваат со намалената јавна потрошувачка во 2015 година околу проектот „Скопје 2014“, од кој најголем дел од работите се веќе завршени во претходните години.
Целиот извештај на БЈН може да се прочита на следниов линк: http://bjn.gov.mk/bjn-portal/wordpress/wp-content/uploads/Godisen-izvestaj-2015-godina_final.pdf