Fokus / Фокус / Fokusi

Jавните набавки – извор на корупција во регионот

Datum: 12.06.2016.

Makedonija

7.06.2016.

Извори: Telma TV, 24vesti.mk, tv21.tv 

 

Општини и јавни претпријатија кои купуваат луксузни автомобили со спортски карактеристики, тендери „скроени“ само за една компанија и „глумење конкуренција“, негрижа за тоа што се набавува, колку чини и кога ќе биде испорачано.

 

Анализата на јавните набавки на возила, бензин и компјутери во регионот покажува дека во различните земји се користат слични методи за користење на тендерите како алатка за корупција.

-Се оди толку далеку што нашето министерство за финансии при набавката на гориво, во тендерот го стави префиксот „еко“ кој за своите горива го користи единствено Хеленик петролеум, а другите нафтени компании имаат свои префикси. Само Хеленик петролеум учествуваше, го доби бизнисот и снабди со гориво над 90 отсто од јавната администрација, без никој друг да учествува на тендерот, изјави црногорскиот претставник Вук Мараш.

-Нашите претставници во власта сакаат да купуваат службени автомобили по каталог. Спецификациите од каталогот ги ставаат во тендерот и во секој случај нема конкуренција помеѓу различни дистрибутери на возила. Секогаш има по две -три понуди од еден производител, а тоа значи дека тендерската документација е направена само за еден автомобил, вели Александар Драганиќ од Босна и Херцеговина

Во Македонија еден од главните проблеми е недостатокот на конкуренција. За тоа најдобро говори податокот дека за три години просечниот број учесници на еден тендер од пет е намален на два и пол.  

-Немањето конкуренција си го прави своето. Освен кај компјутерската техника, каде што редовно има и до 10 понудувачи, за возила на пример секаде има по еден, а само на едно место два понудувача. Па, нели има многу дилери на коли, нели се жалат дека им се намалува продажбата со увозот на половни автомобили, но ете има само по еден понудувач, изјави Герман Филков, од центарот за граѓански комуникации

Организациите од сите земји се жалат на нетранспарентност, особено во делот на плановите за јавни набавки, како и деталите околу реализацијата на договорите.

Сето ова е спротивно од препораките на ЕУ за зголемување на ефикасноста на системот за јавни набавки во земјите кои претендираат да станат нејзини членки.

 

Више погледајте на линковима:

http://telma.com.mk/sites/default/files/vesti/video/mirko_nadzor_vrz_javni_nabavki_07.mp4

http://24vesti.mk/javni-nabavki-%E2%80%93-kako-do-pogolema-transparentnost

http://tv21.tv/mk/?p=87685