Fokus / Фокус / Fokusi

ЗА НАПЛАТА НА ТЕНДЕРИТЕ СЕ ЧЕКА ПО 8 МЕСЕЦИ

Datum: 26.05.2016.

Makedonija

06.05.2016.

Извор: www.vest.mk

 

Во јавните набавки најчести проблеми на фирмите се најниската цена, како единствен критериум за доделување на договорите за јавни набавки, и задоцнетото плаќање. Просечното чекање за наплата на спроведените договори изнесува 8 месеци, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации за периодот јули - декември 2015 година на 254 фирми.

79% од испитаните фирми сметаат дека има корупција во јавните набавки, и тоа: 37% сметаат дека во јавните набавки често има корупција, 10% велат секогаш, а 32% ретко. Само 21% од фирмите се изјасниле дека во јавните набавки никогаш нема корупција. Стручните лица што ги ангажирал Советот за јавни набавки при давањето согласности за тендерите, во 2015 година ги чинеле институциите вкупно 2,2 милиона евра. На секој четврти мониториран тендер имало по еден понудувач а преку преговарање, без објавување оглас лани биле склучени договори во вредност од 29 милиони евра. (А.С.)

 

Прочитајте повеќе на: http://www.vest.mk/?ItemID=2AA005A69385144C860617E4AE958D48