Fokus / Фокус / Fokusi

Тендер од 900 милиони денари за парк со мајмуни и фазани во Аеродром

Datum: 26.05.2016.

Makedonija

10.05.2016.

 

Електрани на Македонија во изминативе пет години има изградено само два нови енергетски капацитети – ветропаркот „Богданци“ и хидроелектраната „Матка 2“. Нискиот број на подигнати објекти за производство на електрична енергија не ја спречи компанијата денеска да објави тендер за изградба на Рајски парк во скопската општина Аеродром, информира порталот Билд.

Публикуваниот тендер има проценета вредност од дури 900 милиони денари, не вклучувајќи го тука ДДВ. Најголемиот скопски парк со разновидни животни е планирано да се лоцира крај Кејот на Вардар во населбата Ново Лисиче, веднаш по Куќата на фудбалот на ФФМ. Рајскиот парк треба да се протега на површина од околу 9 хектари и во него ќе живеат срни, фазани, мајмуни и други животни.

 

 

Прочитајте повеќе на: http://reporter.mk/2016/05/10/%D1%82%D0%B5%D0%BD%D0%B4%D0%B5%D1%80-%D0%BE%D0%B4-900-%D0%BC%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D0%BE%D0%BD%D0%B8-%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%B8-%D0%B7%D0%B0-%D0%BF%D0%B0%D1%80%D0%BA-%D1%81%D0%BE-%D0%BC%D0%B0/