Fokus / Фокус / Fokusi

СЕ ПЛАЌА И ПОВЕЌЕ ОД ДВОЈНО ЗА ИСТИ ПРОИЗВОДИ

Datum: 26.05.2016.

Makedonija

21.03.2016.

Извор: www.utrinski.mk

 

Државни институции набавувале исти или слични производи по неколкукратно различни цени, покажува извештајот за индексот на рационалност на Центарот за граѓански комуникации. Во најновиот извештај беа споредувани цените по кои се купувани метални архивски ормани, јаглен, училишни столчиња и заштитни гумени чизми. 

„Најголемата разлика во цената е евидентирана во набавката на јаглен, а најмала во набавката на заштитните гумени чизми“, се вели во извештајот, при што се додава дека планираната, а неспроведена е-аукција носи највисоки цени.

Според извештајот, уште еднаш се покажа дека отсуството на конкуренција доведува до високи цени кај дури три од четирите изработени индекси за рационалност, односно во набавката на метални архивски ормани, на јаглен и на училишни столчиња.

„Ваквата состојба довела дури и до апсурдна ситуација исти фирми да склучуваат договори со различни цени за ист производ. Притоа, онаму каде што имало електронска аукција, цените се намалувани, а онаму каде што немало тие се како по правило повисоки.

Така, на пример, металните архивски ормани ги чинеле институциите од 6.476 до 14.293 денари по орман, со што највисоката цена е за дури 121 отсто.