24.01.2016.
Izvor: www.utrinski.mk
Откако во јавноста се обелодени дека Владата ќе се доопремува со нов мебел во рококо стилот на Луј 15 и дека за тоа ќе потроши 52.000 евра, Службата за општи и заеднички работи по налог на Владата донесе одлука да ја поништи постапката за јавна набавка. Идејата за набавка на шеесетина парчиња нов мебел, кој беше наведен во спецификацијата на јавната набавка објавена од Службата за општи и заеднички работи била „изненадување“ за Владата. Но, откако тоа предизвика големи негативни реакции во јавноста, таа се изјасни дека немала потреба од таков мебел.
„Владата извести дека не била информирана и немала потреба од мебелот кој е наведен во спецификацијата на јавната набавка, објавена од СОЗР и дека не била консултирана и не се согласува со спецификацијата, и и' наложи на СОЗР да ја поништи јавната набавка, која беше јавно објавена на електронскиот систем за јавни набавки пред два дена и предвидуваше набавка на 60-ина парчиња мебел“, стои во соопштението што агенцијата МИА го испрати во саботата до медиумите. Во соопштението на СОЗР стои дека со набавката не станувало збор за мебел за опремување на кабинетот на претседателот на Владата, туку мебел наменет за преостанатите владини простории. Владата известила дека не само што не била информирана, туку и дека немала потреба од мебелот.
Прочитајте повеќе на: http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=2C12D149FAB45841954E32FD15F5DFAD