Fokus / Фокус / Fokusi

Преку 11 милиони евра потрошила државата лани на обезбедување

Datum: 23.05.2016.

Makedonija

3.02.2016.

Izvor: www.kapital.mk

 

Преку 11 милиони евра потрошила државата лани на обезбедување на музеите, галериите и на државните институции.

Податоците од Бирото за јавни набавки покажуваат дека речиси 200 илјади од овие средства се потрошени само на физичко обезбедување, додека останатите пари се потрошени на обезбедување на простор, имот, мониторинг, ПП заштита и алармен систем.

Од нив, највреден е тендерот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) оти таа ангажира обезбедување за сите државни органи. Истиот е во вредност од 10,7 милиони евра и е за период од три години.

По него следи, тендерот за Археолошкиот музеј во вкупна вредност од 118 илјади евра.

И договорот на СОЗР и овој  на Археолошкиот музеј ги обезбедува фирмата Секјурити груп сервисис Дооел Скопје (СГС).

 

 Прочитајте повеќе на: http://kapital.mk/preku-11-milioni-evra-potroshila-drzhavata-lani-na-obezbeduvane/