Fokus / Фокус / Fokusi

Општините ќе потрошат над 700.000 евра за новогодишно украсување

Datum: 23.05.2016.

Makedonija

4.02.2016.

Izvor: www.24vesti.mk

 

Па така за да ја долови новогдишната атмосфера град Скопје ќе потроши околу 170 илјади евра а тендерот го доби фирмата Линк Медиа. Скопската општина Карпош ќе потроши 80 илјади евра, додека Центар од буџетот ќе одвои околу 55 илјади евра а тендерот го добила исто фирмата Линк Медиа која ќе ги украсува и Кисела Вода за 32 илјади евра и Струмица за 36 илјади евра. Доколку се соберат парите од тендерите-Линк Медиа за украсување од четири општини ќе инкасира приближно 300 илјади евра.
 
Центарот за граѓански комуникации го анализираше и проблемот со малата конкуренција кај локалните тендери. Застрашувачки податок е што на 57 отсто од тендерите има само една или ниедна понуда што и највисоко ниво забележано во извештаите на ЦГК. Причина за ова е честата промена на регулативата и неподготвеноста на фирмите. Еден од клучните проблеми е и доцнењето при наплатата.
 
Голем дел од фирмите се пожалиле дека критериумот најниска цена е несоодветен. Центарот за граѓански комуникации посочува дека зебелешките на компаниите се нотирани и во извештајот на Европската унија а препораката е регулативата да се усогласи со европската каде не е најважен условот најниска цена туку квалитетот кога се одредува кој ќе го добие тендерот.