31.01.2016.
Izvor: http://utrinski.mk/
Долгите процедури со јавните набавки повторно го отворија проблемот со навремено купување на медицинските материјали за потребите на здравствените установи. Овој пат проблемот со јавните набавки ги зафати микробиолошките тестови. На Институтот за микробиологија, кој е во кругот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, според поплаките на пациентите недостигаат три теста, и тоа за докажување на бактеријата кламидија во крв, за дијагностицирање хелико бактер во изметот и за утврдување на присуството на вирусот на рубеола, ситни сипаници.
Од Институт потврдуваат дека од над 150 микробиолошки тестови кои се работат во оваа установа, им недостигаат три теста, а при крај им се резервите и со неколку други, кои набрзо ќе се набават.
„Недостигот од овие три теста не е проблем за дијагностиката на болестите. Немаме тест за кламидија во крв, но има реагенси за директно докажување на оваа бактерија во грлото на матката и спермата. Нема реагенси и за докажување на хелико бактерот во столицата, но може да се провери дали ја има во крвта, што е многу побитен тест со кој се проверува колку ефект има антибиотската терапија“, ни изјави д-р Милена Петровска, директор на Институтот за микробиологија при Медицинскиот факултет во Скопје.
Причината за недостигот од овие тестови се долгите процедури и забелешки од Советот за јавни набавки, велат од Институтот.
Читај повеќе:
http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=F05397F71DA27245AECCF1ECF2840FC5