Јуни, 2013.
Автор : Центар за граѓански комуникации
Различни државни институции купувале исти производи, но со разлика во цените од дури 300%. Ова го покажува најновиот Индекс на рационалноста изработен од Центарот за граѓански комуникации за производите: работни одела, работни обувки, клупи и тонери, како и за услугата за дезинфекција, дезинсекција и дератизација.
Најголема разлика во цените е евидентирана во набавката на работни одела, а најмала во набавката на оригинални тонери:
• за работните одела како дел од ХТЗ опремата, комуналните претпријатија плаќале од 1.263 денари (20,50 евра) до 4.956 денари (80,45 евра) за комплет - панталони и јакна, со што највисоката цена платена за овој производ е повисока за 292% од најниската евидентирана цена;
• работните чевли, кожни високи, се купувале по цена од 870 денари (14,12 евра) до 2596 денари (42,14 евра) со што највисоката цена платена за обувките е за 198% повисока од најниската;
• клупите кои ги купувале општините се со цени во распон од 4838 денари (78,54 евра) до 12188 денари (197,86 евра) со што највисоката цена е за 152% повисока од најниската евидентирана во индексот;
• тонерите кои се оригинални се купувани по цени кои се движат од 3.622 денари (58,80 евра) до 4.552 денари (73,90 евра), упатувајќи на разлики и до една четвртина во цените, додека пак во набавката на компатибилни тонери разликата е уште поголема и изнесува и до 100% бидејќи цените се движат од 998 денари (16,20 евра) до 2006 денари (32,56 евра) за тонер;
• за услугата дезинфекција, дезинсекција и дератизација институциите плаќале од 3000 денари (48,70 евра) до 9310 денари (151,14 евра) за 1000 м2. Највисока цена е за 210% повисока од најниската евидентирана во индексот.
Анализата покажа дека големите разлики во цените по кои различни институции купуваат исти производи не можат да се објаснат со начинот на којшто се спроведени тендерите и упатува на заклучокот дека причините за разликите треба да се бараат во некои други фактори, кои се од субјективна природа.
Повеќе за Извештајот од Индексот на рационалноста...
https://balkantenderwatch.eu/local/uploaded/MKD%20local/indeks%208%20mak.pdf
Jun, 2013.
Autor : Centar za građanske komunikacije
Indeks racionalnosti: Isti proizvodi, velike razlike u cenama
Različite državne institucije su kupovale iste proizvode, ali sa razlikom u ceni od čak 300%. Ovo pokazuju rezultati najnovijeg Indeksa racionalnosti izrađen od strane Centra za građanske komunikacije o proizvodima: radna odela, radne cipele, klupe i tonere, kao i za uslugu dezinfekcije, dezinsekcije i deratizacije.
Najveća razlika u cenama je evidentirana u nabavci za radna odela, a najmanja u nabavku originalnih tonera:
- Radna odela kao deo HTZ opreme, komunalna preduzeća su plaćala od 20,50 eura do 80,45 eura za komplet - pantalone i jakna, sa čime je najviša plaćena cena za ovaj proizvod veča za 292% od najniže evidentirane cene;
- Radne cipele (visoke kožne), su se kupovale po ceni od 14,12 eura do 42,14 eura, sa čime je največa cena plačena za cipele za 198% viša od najniže;
- Klupe koje su opštine kupovale kao deo urbane opreme su sa cenom od 78,54 eura pa do 197,86 eura, sa tim sto je največa plaćena cena za 152% viša od najniže evidentirane cena u indeksu;
- Originalni toneri su kupljenji po cenama od 58,80 eura pa do 73,90 eura, upućujući na razliku u cenama i do 25%. Razlika u cenama u nabavci kompatibilnih tonera je još veča i iznosi i do 100%, jer se cene kreću od 16,20 eura do 32,56 eura za toner;
- Za uslugu dezinfekcije, dezinsekcije I deratizacije institucije su plaćale od 48,70 eura sve do 151,14 eura za 1000 m2. Naviša cena je za 210% viša od najniže evidentirane u indeksu.
Analiza je pokazala da velike razlike u cenama po kojim različite institucije kupuju iste proizvode se ne mogu objasniti sa načinom na koi su se tenderi sprovodili i upućuje na zaključak da se razlozi za velike razlike u cenama trebaju tražiti u nekim drugim faktorima, subjektivne prirode.
Više o Indeksu racionalnosti na…
https://balkantenderwatch.eu/local/uploaded/MKD%20local/indeks%208%20mak.pdf