Fokus / Фокус / Fokusi

Поништен секој четврти тендер

Datum: 10.05.2013.

Македонија

 

19.04.2013.

Автор : Центар за граѓански комуникации

 

Поништен секој четврти тендер  

Процентот на поништувања на тендерите во 2012 година е највисок во последните четири години и изнесува 24,2% од сите објавени тендери. Главна причина за ова е малиот број на добиени понуди на тендерите.  

Од вкупно 11.726 огласени постапки за јавни набавки во 2012 година, поништени се 2.833. Проблемот со честото поништување на тендерите е констатиран и во Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија за 2012 година.

 

 

Тренд на поништувањата на постапките по години

Година

Број на објавени огласи

Број на одлуки за поништување на постапките

Удел на поништени постапки

2009

6.869

1.372

19,97%

2010

7.091

1.554

21,92%

2011

7.800

1.656

21,23%

2012

11.726

2.833

24,16%

 

Анализата на Центарот за граѓански комуникации, невладина организација која врши редовен мониторинг на јавните набавки во Македонија, покажува дека најголем дел од тендерите се поништени поради тоа што не е добиена ниту една понуда или ниту една од добиените понуди не е оцената како прифатлива (фирмите не ги исполниле критериумите за оценување на способност на понудувачите) или соодветна (износот на понудите е повисок од проценетата вредност на тендерите).

Притоа е значајно да се нагласи дека почесто се поништуваат поголемите тендери што се спроведуваат преку т.н. отворени постапки, отколку помалите тендери што се реализираат преку постапката со прибирање на понуди.

Поради нагорниот тренд на поништување на постапките за јавни набавки во земјата, ЦГК сугерира да се воведат санкции за договорните органи со поголем удел на поништувања на тендерите и да се ограничат и попрецизно да се дефинираат можностите за поништување предвидени во Законот за јавните набавки. 

 

 

 

 


 

 

 

19.04.2013.

Autor : Centar za građanske komunikacije

 

Poništen svaki četvrti tender 

Procenat poništenih tendera u 2012. godini je najveći u poslednje četiri godine I iznosi 24,2% od broja ukupno objavljenih tendera. Glavni razlog za ovo je mali broj dobijenih ponuda na tenderima. 

Od ukupno 11.726 oglašenih tenderskih postupaka za javne nabavke u 2012 godinu, poništena su 2.833. Problem sa čestim poništavanjem tenderskih postupaka je konstatovan i u izveštaju Evropske komisije za napredak Makedonije za 2012. godinu.

 

 

Trend poništenih postupaka po godini

Godina

Broj objavljenih  oglasa

Broj odluka za poništavanje postupaka

Udeo poništenih  postupaka

2009

6.869

1.372

19,97%

2010

7.091

1.554

21,92%

2011

7.800

1.656

21,23%

2012 

11.726

2.833

24,16%

 

Analiza Centra za građanske komunikacije, nevladine organizacije koja vrši redovan monitoring javnih nabavki u Makedoniji, pokazuje da je razlog najvećeg broja poništenih tendera taj što nije dobijena nijedna ponuda ili nijedna od dobijenih ponuda nije ocenjena kao prihvatljiva (firme nisu ispunile kriteriume za ocenjivanje sposobnosti ponuda) ili adekvatna (iznos ponude je veći od procenjene vrednosti tendera).

Pritom je značajno naglasiti da se češće poništavaju veći tenderi koji se sprovode preko tzv. otvorenog postupka, u odnosu na manje tendere koji se realizuju preko postupka za prikupljanje ponuda.

Zbog uzlaznog trenda poništavanja postupaka za javne nabavke u zemlji, CGK sugeriše da se uvedu sankcije za ugovorače sa većim udelom u poništene tenderske postupke i da se ograniče i da se preciznije definišu mogućnosti za poništavanje predvidjene u Zakonu za javne nabavke.