Адвокатските услуги нема да се бараат на тендер

jun 2016.

Izvor: www.sobranie.mk


 

Со последните измени на Законот за јавните набавки што стапија на сила на 29 јуни 2016 година, од обврската за
спроведување постапка за јавна набавка се изземени адвокатските услуги кои досега се набавуваа преку тендер. 
Потребата за оваа измена, Владата ја објаснува со тешкотиите кои се јавувале при примената на набавката на оваа услуга во праксата бидејќи тие се наплатуваат според Aдвокатската тарифа. Исто така, меѓу причините е наведено и дека набавката на овие услуги е изземени од обврската за спроведување тендер и во новите ЕУ директиви. 
Целосниот текст на Законот за дополнување на Законот за јавните набавки може да најде на следниот линк: http://www.sobranie.mk/materialdetails.nspx?materialId=1792f8da-7ecd-424f-83c5-2d981b230f27