Обвинителството го гони поранешниот градоначалник на Охрид

05.08.2016.

Извор: plusinfo.mk

 

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција постапувајќи поднесе обвинителен акт против поранешниот градоначалник на Охрид, Александар Петрески и уште 15-ина други лица за злоупотреби при вршењето на јавните набавки во општината во периодот од 2006 до 2013 година.

Осомничените се товарат дека за себе прибавиле имотна корист од околу 112 милиони денари, односно околу 1,8 милиони евра. Инаку, Петрески беше градоначалник на Охрид во два мандата, како претставник на најголемата опозициска партија, СДСМ.  

 

 

Прочитајте повеќе на: http://www.plusinfo.mk/vest/80997/obvinitelstvoto-go-goni-poraneshniot-gradonacalnik-na-ohrid-